-->
-->
Црвена ѕвезда и Партизан немаат покана за настап во ВТБ-лигата
-->
Екипите на Црвена ѕвезда и на Партизан сепак немаат добиено покана за настап во ВТБ-лигата, пишуваат руските медиуми.
ВТБ е регионална кошаркарска лига во Источна Европа во која играат клубови од Русија, Естонија, Летонија, Литванија и Украина.
Претходно српското издание „Mozzart Sport“ објави дека белградските екипи добиле понуда за влез во ВТБ-лигата, но сè уште немаат донесено одлука за ова прашање.
Црвена ѕвезда и Партизан немаат трајна лиценца за настап во Евролигата. Секоја сезона се добива по еден билет преку АБА-лигата. Годинава победник во ова натпреварување е Црвена ѕвезда. Тимот ќе има можност да игра во Евролигата во сезоната 2022/2023.
Партизан ќе учествува во елитната Евролига само во случај да добие вајлд-карта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки