ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 770 повици на 112 во последното деноноќие
Во последното деноноќие имало регистрирано 14 интервенции за пожари на отворено од коишто околу една третина биле за гаснење запален смет во или покрај урбани населби. Сите пожари се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Регионалните центри за управување со кризи информираат дека на територијата на државата интервенции за гаснење пожари на отворено имале пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, и Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) на Валандово, Битола, Кавадарци, Делчево, Куманово, Тетово и Гостивар.
ЦУК информира дека денеска, во периодот од 12:00 до 17:00 часот, е планирано минирање на локалитетот „Сладун“ во Општина Прилеп, поради што ќе има повеќе детонации.
Од ЦУК информираат дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 770 повици на бројот за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 58,47 отсто, а 41,53 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 66,89 отсто, кон итната медицинска помош 25,94 отсто, кон пожарникарите 3,75 отсто, а кон АМСМ 0,35 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Ново на Сител
-
Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите
-
Судот за спортска арбитража во април ќе ја разгледа жалбата на ВАДА за Синер
-
Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
-
Еден допир со топката на Нејмар го чини Ал-Хилал над милион евра
-
Традиционалниот Василичарски концерт вечерва на сцената на Националната опера и балет
-
Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија
-
Зеленски: Санкциите за руската нафта значително ќе влијаат на руското финансирање на војната
-
Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“