ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати

До 18:00 часот на на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 11 се изгаснати. Се уште активни се пожарите во општина Охрид кај селото Мешеишта каде гори ниска вегетација и во општина Велес покрај магистралниот пат Велес–Штип каде гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на Џиди Комерц, Визбегово, каде гореле ѓубре и сува трева; општина Зелениково – с. Страхојадица, каде гореле шума, сува трева и ѓубре; општина Кисела Вода – населба Разадник, на ул. „Борис Трајковски“, каде горела ниска вегетација; општина Виница – с. Јакимово, каде горело ѓубре; општина Кочани – с. Долни Подлог, во двор на семејна куќа, каде горело ѓубре; општина Битола – с. Кукуречани, каде горело ѓубре; општина Долнени – с. Житоше, во близина на училиштето, каде горела ниска вегетација; општина Прилеп – месност „Три багреми“, каде гореле ниска вегетација и ѓубре; општина Ресен – с. Стење, каде горела ниска вегетација; општина Липково – с. Никуштак, каде горела ниска вегетација; и општина Старо Нагоричане – с. Ругинце, каде гореле ниска вегетација и стрниште.
МИА
Ново на Сител
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
