ЦУК: Локализиран пожарот во Батинци, не претставува закана за жителите и околните објекти

Локализиран е пожарот во село Батинци, општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- По избувнувањето на пожарот во близина на село Батинци, благодарение на брзата реакција и координацијата на компетентните екипи, огнот е ставен под контрола и моментов не претставува закана за жителите и околните објекти, се наведуав во соопштението.
Директорот на ЦУК Мухамед Али бил на местото на пожарот и ја координирал целата акција. За справување со пожарот биле активирани два авиони-ератрактори, еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и единиците на пожарникарите од Скопје, кои, како што се наведува, со висока професионалност успеаја да го локализираат жариштето.
Екипите остануваат на терен за следење на ситуацијата до целосно гаснење на пожарот и за спречување на евентуално повторно активирање.
МИА
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
