ЦУК: Нема активни пожари на отворено, сите седум пријавени биле изгаснати

Утрово нема активни пожари на отворено, сите седум пријавени биле изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изминатото деноноќие интервенции имале пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп, ТППЕ Струмица, ТППЕ Валандово, ТППЕ Гевгелија и ТППЕ Старо Нагоричани.
- Пожарот над село Порој, што беше запален сношти на стемнување, заради ниските температури е самоизгасен. По добиената информација околу 19:00 часот на 112 за пожар над село Порој, од ЦУК биле известени сите надлежни, но не било можно да е интервенира, бидејќи горело високо на непристапен терен и почнала ноќта, а и немало опасност за загрозување на населено место, се наведува во соопштението.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Од ЦУК потсетуваат дека минатиот викенд имало околу 80 пожари на отворено.
Ново на Сител
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
-

Советници на Трамп платени со стотици илјади долари за изборен ангажман во Република Српска
-

Унгарија ја увери Бугарија во целосна солидарност по нападот со дрон во Црното Море
-

Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори
-

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании
