ЦУК: Пожарот кај Бељаковце дојден до првите куќи, попладнево пожар и во Орешани
Пожарот, кој попладнево избувна во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце во општина Старо Нагоричане, е дојден до првите куќи на селото Бељаковце кои се одамна напуштени, информираат од Центарот за управување со кризи.
- Пожарот во село Бељаковце е сериозен. Сувата трева и ветерот прават пожарот брзо да се шири. Побаравме помош од сите расположливи пожарникарски сили да се упатат кон ова место. Рано наутро штом се создадат можности ќе полетаат двата полициски и едниот армиски хеликоптер, а веднаш потоа и двата или трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Попладнево, избувна пожар и во атарот на селото Орешани во општина Зеленково и според информациите на ЦУК, овој пожар е изгаснат. На терен биле испратени екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје кои спречиле пожарот да дојде до викенд населбата.
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија