ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период. Вчера беше добиена пријава за змии во скопската општина Гази Баба. Веднаш на пријавителката ѝ беше пренесено дека служби за фаќање змии, нема. Но, сепак ѝ беа дадени информации дека на повик има лица, кои се справуваат и заловуваат змии, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Пријава за змија во текот на вчерашниот ден имало и во Прилеп.
- Преку единствениот повикувачки број за итни повици - 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на улицата „Мирче Ацев“ број 9 во Прилеп. Интервенирано е во 13.45 часот од страна на Територијалната противпожарна единица - Прилеп со тројца пожарникари и едно возило. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа, појаснуваат од ЦУК.
Како што додаваат од ЦУК, изминатото деноноќие имало и повици за опасно виснати кабли под напон, небезбедни улици и патишта, паднати дрвја врз возила, одрони.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите