ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, по покана на Министерството за одбрана, учествувал на завршната сесија од меѓуресорските работилници и штабните вежби за градење национална отпорност, која се одржала во Домот на Армијата, објави денеска ЦУК на својата фејсбук страница.
Во рамки на настанот се одржува тридневната „Работилница за градење на отпорност помеѓу институциите“, организирана од Министерството за одбрана и Институтот за безбедносно раководење од САД, како дел од програмата за цивилно-воена подготвеност.
На настанот, стои во објавата, се обратиле и амбасадорката на САД, Анџела Агелер како и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
- Во своето обраќање, директорот Али истакна дека современите предизвици – од екстремни природни непогоди до хибридни закани – бараат модернизација, дигитализација и засилена меѓусекторска координација. Тој ја нагласи и важноста на примена на севладин пристап, редовни обуки и вежби со цел унапредување на националната и колективната отпорност во рамки на НАТО, се вели во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
