Цветков на завршна конференција на Агенцијата за финансиска помош на земјоделството

Завршна конференција за Твининг проектот „Помош за ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитација за мерката – Инвестиции во руралната инфраструктура“ финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Целта на проектот беше да придонесе за ефикасно и ефективно менаџирање и имплементација на ИПАРД програмата и на подготовка на земјата за ефективна имплементација на структурните фондови по пристапувањето во ЕУ.
На конференцијата ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорот на Словенија Бранко Раковец и директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Ново на Сител
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
-

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици
