Д-р Јовановска: Во четвртиот месец трудниците може безбедно да се вакцинираат против Ковид-19
Доктор Викторија Јовановска, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство во денешното издание на емисијата Магазин истакна дека е препорачливо бремените жени да се вакцинираат.
- Бремените жени треба да бидат вакцинирани, само постоеше дилема околу тоа да се усогласиме на стручен колегиум заедно со нашето гинеколошко здружение, заедно со Комитетот за безбедно мајчинство, заедно со Перинатолошкото здружение, да ги усогласиме ставовите за да имаме унифициран став да не ги буниме трудниците, вели доц. д-р Викторија Јовановска во гостувањето во Магазин на Сител ТВ.
Таа додава дека најпогоден период за вакцинација на трудниците против Ковид-19 е во четвртиот месец од бременоста.
- Доколку не се вакцинирани, во тек на бременоста пациентките препорачливо е да бидат вакцинирани во 4 месец од бременоста, односно по 14 гестациска недела кога е започнува да се формира органогенезата, изјави д-р Јовановска..
Докторката вели дека нема препорака да се прекине бременоста доколку трудницата се вакцинирала во раната бременост, туку е доволно само следење на понатамошниот терк на бременоста.
- Останале бремени а биле вакцинирани во тек на рана бременост или кога планирале репродукција, значи нема препорака да се прекинува бременоста, туку напротив таа треба само да се следи и за 8 недели да се ревакцинира, додава д-р Јовановска.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
-

Над 5.000 договорци ќе добијат шанса за редовно вработување - поднесен нов закон
-

Ако не се најде решение за превозниците, ќе нема кој да ја испорача стоката до Унијата
-

На Неврологија третирале 16 годишен пациент со мозочен удар
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
