Д-р Стевановиќ: Можно е до крајот на денот да се исполни капацитетот на Инфективна во Скопје
Се пополнуваат капацитетите на Инфективната клиника во Скопје. Директорката д-р Милена Стевановиќ во изјава за „Слободен печат“ вели дека во моментов има уште неколку слободни кревети, но голема е веројатноста до крајот на денот да се пополнат.
-Утринава имаме неколку исписи, со што ќе се ослободи дел од капацитетот, но не ја исклучувам можноста до крајот на денот да се исполни капацитетот на Инфективна. Сепак, граѓаните не треба да стравуваат, ние веќе ги препраќаме пациентите на Интерните клиники кои што се пренаменети во ковид центри, вели Стевановиќ.
Додека пациенти болни од ковид се препраќаат во други болници, каде што ги третираат интернисти, модуларната болница во рамки на Инфективна се уште не е во функција
– Модуларната болница ќе ја отвориме откако ќе се пополнат капацитетите на интерните клиники. Во моментов не сакаме да ја отвориме затоа што мораме да размислување на рационално искористување на докторите и останатиот медицински персонал. Ние сепак сме мал број на инфектолози. Од друга страна воопшто не станува збор за стручност, сите колеги се стручни да лекуваат пациенти болни од ковид. Во случај да пораснат бројките на заразени и да се појави потреба од поголем број на хоспитализации, модуларната болница е подготвена повторно да почне да работи, вели Стевановиќ.
Таа се надева дека овој пат ќе не одмине опасниот бран со висок процент на заразени, но апелира дека само вакцинацијата и почитувањето на мерките се единствен начин побрзо да излеземе од пандемијата.
-Тоа е одговорно општествено однесување, а не личен избор на поединецот. Кога еднаш граѓаните тоа ќе го сфатат многу брзо ќе ја надминеме пандемијата. За да нема навала на огромен број пациенти за кои е тешко да се грижиме истовремено, мора да има повисок степен на имунизација, апелира директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ.
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите