Македонија
9. јуни 2020 - 21:04

Да му помогнеме на Бојан повторно да застане на нозе

Бојан Димитриевски има 18 години. Тој е борец кој преживеа катастрофална сообраќајна незгода од којашто има големи последици. Неговата дијагноза е Quadriplegio. Неговото лекување се одвиваше во нашата земја, но поради сериозноста на повредите првата фаза е завршена во странство. Понатамошното лекување на Бојан треба да продолжи повторно во странство, односно во Русија. За лекувањето е потребна огромна сума на пари, кои семејството не може самостојно да ги обезбеди.

Семејството и пријателите на Бојан апелираат до сите кои се во можност да помогнат за неговото лекување со донација на парични средства на трансакциската сметка 200003373418462 Стопанска банка или на броевите: 

143 550  (А1)

070 143 414 (Телеком)

Ви благодариме на хуманоста.