-->
-->
Да не беше војната, Партизан ќе беше како Барселона
-->

Легендарниот тренер Ивица Осим за медиумите изјави дека војната во екс- Југославија го спречила Партизан да направи тим кој би бил доминантен како што сега е Барселона во Шпанија и светскиот фудбал.
Во црно-белиот тим тогаш играа Мијатовиќ, Заховиќ, Јокановиќ....тим кој можеше во тоа време да направи многу.
„ Тоа беше внимателно биран тим со талентирани играчи, приврзани кон клубот, го почитуваа неговото име и така и се однесуваа. Веројатно во еден момент ќе блеснеа онака како што од нив се очекуваше. Среќен сум што ја водев таа генерација“- изјави Осим за ТВ Партизан.
Некогашниот селектор на Југославија со црно-белите работеше 1991-1992 година кога го освои купот токму пред распаѓањето на поранешната држава.
„ Не сакам моите во Сараево да мислат дека го омаловажувам Железничар но дури кога дојдов во Белград сватив што е голем клуб каде што имате се на располагање. Партизан има извонредни навивачи кои не простуваат грешки, сакаат добар фудбал и талентирани играчи. Тоа е притисок кој ми причинуваше задоволство“- смета Осим кој е убеден дека доколу продолжеше соработката ќе беше тоа доминантен тим како Барселона денеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
