„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз

Неколку илјади демонстранти се собраа денеска во Париз за да ја изразат својата поддршка за Украина, која наскоро влегува во четвртата година од војната со Русија.
Протестот беше организиран од здруженија што ја поддржуваат Украина, со учество на неколку синдикати. На чело на поворката, неколку локални париски функционери носеа транспарент со натпис: „Да се обединиме за победа на Украина“.
Демонстрантите извикуваа слогани како „Трамп, Путин – нема преговори без Украина!“ и „Путин значи масакр и убиства. Солидарност за Украина!“.
Во поворката учествуваше и директорката на „Амнести интернешнл“ за Франција, Силви Бриго, која изјави дека организацијата ќе продолжи да документира воени злосторства во Украина.
На плоштадот Република во Париз се одржа помал собир организиран од активистки на феминистичкото движење Фемен, кои носеа транспарент со натпис: „Ако Русија престане да се бори, нема да има повеќе војна. Ако Украина престане да се бори, нема да има повеќе Европа“.
Демонстрантите развиорија стотици украински знамиња во сино-жолта боја, како и знамиња на Европската Унија.
За време на маршот беше развиено и огромно украинска знаме со должина од 260 метри.
Ново на Сител
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
