Дачиќ: Арогантно е да се бара од Србија да го признае Косово

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека заедничката позиција на ЕУ не наложува Србија да мора да го признае Косово и додаде дека е арогантно, неприфатливо и контрапродуктивно тоа да се бара од Србија.
- Моја работа не е да му се додворувам на (германскиот министер за надворешни работи Зигмар) Габриел, туку да ги бранам интересите на Србија, истакна Дачиќ.
Српските медиуми претходно пренесоа дека Габриел во Приштина изјави дека Србија треба да ја прифати независноста на Косово за да стане членка на ЕУ.
- Буквално така рекол во Приштина и потоа заминал на ручек во домот на (Беџет) Пацоли. Немам ништо против, секој нека мисли што сака, но со Србија така не може да се разговара, истакна Дачиќ.
- Ја почитувам Германија и ќе работиме за нашите добри односи. Србија се радуваше на обединувањето на Германците - само толку сакам да кажам, истакна Дачиќ.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
