Дачиќ: И да сум иден премиер, не би ви го кажал тоа

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави денеска дека се уште не разговарал кој ќе биде идниот претседател на српската Влада.
Новинарите во Белград го запрашаа Дачиќ дали тој е новиот премиер на Србија, а тој на тоа одоговори: „и да сум, не би ви го кажал тоа“.
- Ќе биде онака како што е најдобро за Србија, а јас лично сум задоволен што се однесува до моето моментално работно место. Мене ме интересира улогата на Социјалистичката партија на Србија во идината влада, нагласи Дачиќ.
Тој потсети дека веќе бил премиер и оти тоа не му е остварување на „животната желба“.
- Сите опции се легитимни. Не станува збор за тоа кој ќе биде, туку што е најдобро за Србија, истакна српскиот министер за надворешни работи.
Дачиќ наведе дека доколку биде официјално предложен, тогаш за тоа ќе се разговара сериозно.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
