Дачиќ: Наводните договори за поделбата на Косово се шпекулации
Наводниот договор на Белград, Приштина и Тирана за размена на територии и поделба на Косово, се само шпекулација, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во интервјуто за денешното издание на весникот „Курир“.
- Тоа е само шпекулација. Се знае дека јас ја предлагав како можност поделбата на Косово. Најбитно е да продолжи бриселскиот дијалог, како и што побргу да се откријат убијците на Оливер Ивановиќ, вели Дачиќ.
Во врска со посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Загреб, Дачиќ нагласува дека таа покажала оти Србија е подготвена да разговара, како и дека двете земји и покрај различните ставови за одредени прашања, мораат да соработуваат и да се договараат.
- Никогаш нема да се согласиме како ја гледаме „Олуја“, но соседи сме и мораме да соработуваме и да се договараме. Тоа е единствениот начин. Од меѓусебните препукувања, никој нема корист, додава Дачиќ,
Тој во интервјуто додава и дека ќе се придржува до договорените 100 дена мораториум на изјави во однос на Хрватска.
- Нема да ставам фластер на уста, бидејќи кога говорам јас само ја бранам Србија. Но, го почитувам државничкиот став на претседателот Вучиќ и се надевам дека и другата страна ќе го почитува, констатираше Дачиќ.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи