Дачиќ: Србија нема да ги протерува руските дипломати

Србија ја осудува секоја употреба на хемиско оружје, но нема да носи одлуки кои би ги следеле мерките против Русија, во врска со труењето на поранешниот разузнавач Сергеј Скрипал во Велика Британија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
- Сега нас не тераат да протераме руски дипломати, а тоа не го сторија ниту одредени земји членки на ЕУ. Тогаш ни ние нема да го сториме тоа. изјави Дачиќ на денешната заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата на Бурунди, Алан Њамитиве.
Тој потврди дека „имало разговори и барања“ Србија да протера руски дипломати и оти за тоа прашање „ќе разговара со амбасадорите“, но нема да носи одлуки по автоматизам, бидејќи Белград „води независна надворешна политика“.
- Се залагаме за целосна истрага, ние водиме сметка за сопствените интереси и не работиме на копче. Наш интерес е да се дознае вистината и нема до носиме одлуки по автоматизам, ниту пак одлуки кои би ги нарушиле нашите односи со Русија, Кина, Бурунди или која било друга пријателска земја, изјави Дачиќ.
Тој додаде дека не може да замисли ситуација во која Србија би добила поддршка ако одлучи да протера дипломати од некоја земја.
Во солидарност со Велика Британија, која ја обвинува Москва дека е одговорна за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија, 28 земји протераа околу 150 руски дипломати. Повеќето од овие земји протераа по еден руски дипломат, додека три членки на ЕУ - Австрија, Грција и Кипар одбија да превземат какви било дипломатски санкции против Русија.
Инаку, Дачиќ пред еден месец доби руски Орден за пријателство од претседателот на Русија, Владимир Путин, кој лично во Белград му го врачи шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров.
Ново на Сител
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
