-->
-->
Дачиќ: Убиството на полицаецот е терористички напад од албански структури од Косово
-->
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го оквалификува убиството на полицаец и ранувањето на друг полицаец синоќа во Лозница како терористички напад на албански структури од Косово.
Дачиќ за РТС изјави дека се утврдува дали напаѓачот е човекот чија лична карта и пасош биле пронајдени во автомобилот или е неговиот брат кој избегал од затвор во Косово на 6 јули.
– Тој ги уби полицајците, го изврши овој очигледен терористички чин кој доаѓа од Косово и Метохија од страна на албанските структури. Ова не може да биде случајност и затоа Обвинителството за организиран криминал ќе се занимава со овој случај, бидејќи станува збор за напад на полицаец на должност, рече Дачиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Миовски двоен стрелец за Жирона во триумфот над Екстрамадура
-
Ким Џонг-ун: Лансирањето интерконтинентална ракета е предупредување до непријателите
-
Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии
-
Почнува 14. фестивал на виното „Виноскоп“
-
Исланд прифати пократка работна недела и има полн погодок
-
ЦУК: Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Без струја делови од Кисела Вода и Арачиново
-
Во Скопје завршна конференција на ЕУ проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“