Македонија
12. February 2025 - 12:36

Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?

Петтемина членови на Судскиот совет вчеравечер ја добиле иницијативата за нивна интерпелација која до собранието ја поднесоа пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди.

Сепак денеска не дадоа конкретен одговор на прашањето дали ќе си поднесат оставки ако пратениците кои ги избрале им изгласаат недоверба.

Велат дека сеуште го анализираат документот и конечен став ќе донесат во рокот предвиден со собранискиот деловник.