Дали е можна диета без јо-јо ефекти?
Кога е слабеењето во прашање, на сите целта им е да ослабнат што повеќе килограми и тоа во што пократок временски период, ако е тоа можно.
Но, имајте предвид дека сè што е над 1-2 килограми помалку во текот на еден месец веќе не е здраво и може да ви предизвика многу проблеми и нарушувања.
Затоа, за да се осигурате дека правилно го правите тоа, почнете од промена на прехранбените навики.
Пијте многу течности, најдобро вода и незасладени чаеви. Наутро внесете здрави јаглехидрати. Ручекот комбинирајте го избалансирано, со јаглехидрати, белковини и масти.
Не заборавајте попладне барем да пешачите, за да го забрзате метаболизмот. Вечерата обидете се да ја изедете најдоцна до 19 часот, а најдобро е да комбинирате белковини со зеленчук.
Интегралните печива подолго држат ситост од белите. Месото јадете го 2-3 пати неделно, во мали порции. Јадете полека и убаво џвакајте ја храната.
Избегнувајте алкохолни пијалаци, бидејќи се преполни со скриени шеќери и калории.
Не морате да броите калории и да се мерите секој ден. Најважно е да сте сигурни дека планот на исхраната ви е избалансиран. Ако има потреба, водете и дневник на оброците. На тој начин ќе си обезбедите здрави навики со кои сигурно ќе ја добиете посакуваната линија.
Ново на Сител
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината