Македонија
3. May 2024 - 16:40

Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?

На 9 мај веднаш по изборниот процес, здравствените власти ќе кажат кој ќе одговара за хаосот на Токсикологија.

Директорка на јавна здравствена установа која не знае македонски, поплавени болнички соби и клиника што не е осигурана, незаконско влегување во медицински простории на невработени лица, обид за промена на лабораториски резултат со наркотици со чист примерок – дали ова е само слика  за функционирањето на здравствениот систем?

На оваа клиника имаше директор хирург кој воопшто не е компетентен за зависници, потоа дојде матичен лекар а сега има менаџерка која нема како да комуницира со вработените, реагира д-р игор Николов од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Најжалосно е што од сето тоа страдаат пациентите. На таа клиника се лекуваат околу 320 пацеитни кои што потребно е да примаат континуирано терапија и понатаму сите оние токсиколошки труења односно појави кои ги имаме во популацијата за кои се потребни соодветни антидоти, ама за жал во изминатиот период клиниката ги нема а за тоа никој не го интересира, посебно овој период. Сето тоа е резултат на негативната селекција и на непрофесионализам кои ексалираа на оваа клиника, вели Игор Николов од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од Николов, заменик министерката за здравство која е од редовите на СДСМ, вели дека за Токсикологија институциите постапиле согласно своите надлежности и оние кои немаат активни договори не одат во установата. Таа не се согласува дека во се треба да се бара политика.

-Не се согласувам дека секогаш треба да бараме политички моменти во функционирањето на клиниките. Самиот изборен законик, ограничувањата кои ги имаме во однос на вработување го отежнува овој процес,но секако доколку постои одговорност каква и да е, веднаш по завршувањ ена изборниот процес таа одговорност треба да се согледа и доколку постои соодветно да се санкционира, вели Маја Манолева, заменик министер за здравство.

Наспроти ставот на здравствените власти, поранешни договорци 4 месеци оделе на клиника, облекувале бели мантили и ја нарушувале приватноста на пациентите, се до вчерашното решение на ДСЗИ да им биде забранет влез на Токсикологија.

Инаку, претхнодниот министер за здравство од Алијанса во својата агенда имаше ветување на укинување на економските директори а сегашниот од истата партија ја назначи Бесија Илјази ден пред распишување на изборите.