„Данас“: На пролет избори на сите нивоа на власта во Србија
Во текот на пролетта идната година во Србија ќе се одржат нови избори за сите нивоа на власта, тврди белградскиот весник „Данас“, повикувајќи се на „извор близок до српската Влада“.
Весникот наведува дека ваквата информација следува по тврдењата на некои белградски медиуми, кои важат за блиски до Владата, дека одреден број министри подготвувале „пуч“ за смена на премиерот Валександар Вучиќ.
„Данас“ објавува дека никој од министрите со кои контактирале, не сакал да ги коментира ваквите тврдења.
Во јавноста се огласи само вицепремиерката и министерка за градежништво Зорана Михајловиќ која на својоот профил на Фексбук објави дека Вучиќ е „нејзин премиер и претседател на партијата и човек на кого му верува“.
Како еден од заговорниците за смена на Вучиќ, беше посочен првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој наводно стои зад организацијата на најавениот штрајк на српските полицијаци, наведува „Данас“.
Според истите тврдења, штрајкот бил замислен со цел да се дестабилизира земјата во услови кога се соочува со наплив на багалци од Бликсиот Исотк.
Полицискиот синдикат од своја страна ги отфрли ваквите обвинувања за целта на штрајкот.
Медиумите кои ја објавија инормацијата за „пучот“ тврдеа дека тој требало да биде извршен деновиве додека Вучиќ се наоѓа во работна посета на Кина.
„Данас“ тврди дека во текот на следниот месец Вучиќ ќе изврши реконструкција на неговата Влада, а дека дополнителни промени во владиниот состав се можни и по конгресот на владејачката Српска напредна партија (СНС), закажан за во јануари идната година.
Ново на Сител
-
Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година
-
Последни денови за пријавување за намалување на сметките за струја за ранливи потрошувачи
-
Си: Нема победници во трговската војна
-
Пронајдени рачни бомби во село Боговиње
-
Почна судењето за претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство
-
Продолжува судењето за случајот со родилката на која при пораѓај и беа извадени матка, јајник и бубрег
-
Без вода дел од улица „Ленинова“
-
Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица