Данела Арсовска официјално ја превзема функцијата градоначалничка на Град Скопје

Данела Арсовска денеска и официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето. За првпат од независноста на Македонија, Скопје доби жена градоначалник. Од прогласувањето на македонската државност пак, Арсовска ќе биде втората жена, која ќе го управува Градот во наредниот 4-годишен мандат, по Вера Ацева која беше негова градоначалничка во далечната во 1948-ма. Како „градска мајка“ на македонската метропола, Арсовска, откако во петокот го доби уверението за избран градоначалник, денеска ќе ја добие и „тапијата“ на Градот.
На Локалните избори 2021 во главниот град, таа, како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, го победи досегашниот градоначалник Петре Шилегов со 28.130 гласа разлика во вториот круг. Во првиот круг, Арсовска беше во водство од 7.915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28.130 гласа пред својот противкандидат.
За потсетување, пред да стане градоначалничка, Арсовска менаџираше со Сојузот на стопански комори од 2014 година до сега. Оваа Комора е дел од Светската федерација на стопански комори со повеќе од 12.700 членови и е една од четирите жени носители на таа функција во светот. Инаку, Националниот совет за родова еднаквост на Македонија ја поздрави одлуката на мнозинството граѓани на Скопје да го дадат гласот за Арсовска, со што покажаа родова сензитивност и прогресивност и што конечно Скопје доби жена градоначалничка.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
