Даниловски: Вирусот ќе си бара простор за ширење меѓу младите и невакцинираните

Останаа младите и други невакцинирани, како и вакцинираните со една доза. Вакцинираните се претежно меѓу повозрасните. Вирусот, затоа, ќе си бара простор за непречено ширење меѓу младите, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски во изјава за порталот МКД.
– Би било препорачливо сега приоритетно да се довакцинираат возрасните над 50 години и најприоритетно оние со хронични болести. Така ќе се намали уште повеќе притисокот врз болниците. За да се намали смртноста, најприоритетно е Лекарската комора да подготви протоколи за третман на болни од ковид-19, на сите нивоа на здравствена заштита. Министерството за здравство да се погрижи тие протоколи да се применуваат од страна на сите здравствени установи – на сите нивоа. Се разбира, ако почне да се заканува преполнување на болниците, ќе бидат потребни и одредени рестриктивни мерки во врска со ограничување на бројот во угостителски објекти, автобуси, спортски натпревари…“, вели д-р Даниловски.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
