Данска ја критикува соседна Германија за политиката кон бегалците
Данскиот министер за надворешни работи Кристијан Јенсен во Вашингтон се пожалил дека германската канцеларка Меркел ја потценила бројката на мигранти кои што можат да влезат во Германија со политиката на отворени врати за бегалците.
Јенсен тврди дека проблемите на неговата земја со бегалците се зголемени поради лошото планирање на јужниот сосед.
„Мислам дека Меркел е изненадена од бројот на бегалци што доаѓаат во Германија. Таа мислеше дека кризата ќе исчезне“, изјави Јенсен за време на посетата на САД каде се сретнал со државниот секретар Џон Кери.
Според него, Меркел е всушност критикувана за испраќање покани за бегалците низ целиот свет. „Ве молиме дојдете во Германија, овде сте добредојдени, имаме куќа и работа за вас и ова е одлично место за вас“, изјавил Јенсен за време на дебата во американски тинк тенк.
Понекогаш таа треба да информира и да слуша затоа што иако Германија е силна и голема земја Меркел не може да одлучува за останатите 27 членки на ЕУ, вели данскиот министер според кој откако канцеларката задоцнила со реакцијата таа ја презела одговорноста а другите членки се оставени без доволно информации за случувањата со бегалската криза.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски