Данска пријави подводно истекување гас од гасоводот „Северен поток 2“
Данска денеска пријави истекување на гас од гасоводот „Северен поток 2″, што од Русија оди кон Европа под Балтичкото Море, па оцени дека постои опасност за поморскиот сообраќај.
Данскиот оператор на гасоводот „Северен поток 2″ потврди за истекувањето откриено југоисточно од данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море.
Иако овој гасовод не се користи за увоз на гас, тој сепак е наполнет, јави новинската агенција ДПА.
Портпаролот на „Северен поток 2″ изјави дека е забележано губење на притисокот во цевките рано изутринава и оти веднаш се информирани надлежните тела во Германија, Данска, Шведска, Финска и во Русија.
Германското Министерство за економија соопшти дека „не му се јасни причините и фактите во врска со оваа работа”.
„Моментално разменуваме информации со надлежните тела за да ги разјасниме фактите”, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис