Данскиот министер Расмусен се извини поради нападите врз Куранот

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен се извини поради нападите врз муслиманската света книга Куран извршени пред амбасадите на некои исламски земји во Копенхаген, главниот град на Данска.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Алжир, данскиот министер за надворешни работи Расмусен телефонски разговарал со својот алжирски колега Ахмед Атаф.
За време на разговорот Расмусен изрази жалење и се извини за палењето на копии од Куранот пред амбасадите на некои исламски земји, вклучително и амбасадата на Алжир во Копенхаген, пренесува Анадолија.
Истакнувајќи дека ваквите постапки се неприфатливи, Расмусен посочи дека станува збор за напади кои целосно ја нарушуваат културата на толеранција на данското општество.
Расмусен, исто така, го информираше Атаф дека неговата влада го финализира нацрт-законот со цел да ги спречи овие грозоморни практики, додавајќи дека тој наскоро ќе го претстави предлог-законот до државниот парламент.
Нападите и сквернавењето на Куранот неодамна се засилија во Шведска и Данска.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
