Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид.
Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија.
Во женска конкуренција најбрза беше Греса Бакрачи од Косово, пред Биљана Кираџиева од Србија и Благица Јованова од Македонија.
Во штафетните трки на 21 километар кај мажите победи екипата „Korruners & Atomic“, кај жените триумфираше „Ем-Си Ран“, а во мешана конкуренција најбрза беше „Битола трча“.
Во трката на пет километри кај мажите победи Григоријан Никовски, а кај жените Матеја Ефремовска, додека во тимска конкуренција најуспешни беа „Ракометна школа Седмерец“ кај мажите и „3 Disciplines“ кај жените.
На јубилејното издание на манифестацијата имаше околу 2.700 учесници од 30 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична пријава за странски сопственик на правно лице за злоупотреба на постапка за јавен повик
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за Рубикон - агенцијата што ја обезбедуваше опожарената диксотека
-

Инфантино: Доколку ФИФА ги продадеше билетите за СП по пониска цена, тие ќе завршеа на црниот пазар
-

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето
-

Роналдо најплатен на СП
-

Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров во Скопје, изречени 156 санкции, уапсени две лица
-

Венс: Нетанјаху има направено грешки, интересите на САД и Израел не се секогаш усогласени
-

Криел десет лаптопи во изнајмено возило – го фатиле цариниците на Богородица
