Дарио Ивановски победник во полумаратонската трка, а Богдан Цветковски на пет километри
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Виз Ер Скопскиот маратон со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди.
Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06.
По полумаратонот Ивановски изјави дека напредува и оти изминатиот период се подготвувал во Белград со многу силни атлетичари.
- Ветив малку подобар резулатат. Ветив рекорд на Македонија, но сепак не издржав бидејќи момците од Кенија воведоа многу јак ритам под три минути и наглата промена многу тешко ја поднесов и од четвртиот киломеатр до крај останав сам, изјави Ивановски, кој лани истрча и победи со 1 час, 11 минути и 27 секунди на полумаратонот.
Според него, патеката е рамна, има предобра организација, но поради топлото време е тешко е да се направи личен рекорд на Скопскиот маратон.
Богдан Цветковски е првиот победник на Скопскиот маратон, во трката на пет километри.
- Лани земав прво место, а оваа година ја одбранив титулата. И ова година беше потешко доста, имаше поголемам конкуренцијата, рече Цветковски. Додаде дека оваа година во трката на пет километри имало 7.000 учесници. Неговото време е 17 минути, 25-6 секунди.
Трката на пет километри беше најмасовна. Кај машките натпреварувачи први беа Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.
Во трката на пет километри учествуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски кој изјави дека манифестацијата била одлично организирана и масовна.
- Ова е најмасовниот настан што се случува во Скопје годинава и се надевам дека 2019 овој маратон ќе биде уште помасовен, рече Каевски.
Во трката учествуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски.
Ново на Сител
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“