Давутоглу: Македонија е успешна приказна и иднината и е во НАТО
Република Македонија веќе е успешна приказна, бидејки прогресот е видлив, државата е клучен фактор за стабилноста на Балканот и продолжете да работите со енергичната посветеност на реформите, вашата иднина е во НАТО, порачал поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник, Ахмет Давутоглу, на денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев.
Давутоглу му честита на Заев за стапувањето на должноста претседател на Владата на Република Македонија и за неговата, како што рече, „рационалност за изнаоѓање мирно и стабилно решение за политичката криза“, што резултираше со формирањето на новата реформска Влада, соопшти владината прес-служба.
- Владата на Република Македонија е определена кон реформски процес значаен за квалитетен живот на граѓаните на Република Македонија, како и за интеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО. Градиме политики на доверба во нашата држава, како и пријателства со соседите и на меѓународен план и очекуваме дека со сериозноста со којашто придонесуваме во демократските процеси во Македонија и пошироко, ги отвораме вратите на Македонија кон ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев.
На средбата заеднички е констатирано дека членството на Република Македонија во НАТО ќе значи дополнителна стабилност на државата и отворање можности за инвеститорите, што ќе придонесе кон зголемување на стандардот на граѓаните и за раст на економијата во Македонија.
Се разговараше и за зголемениот интерес на турски бизнисмени за инвестирање во Македонија.
Премиерот Заев рече дека пријателството помеѓу Република Македонија и Република Турција ќе продолжи да се развива низ демократски дух во економијата и во сите области значајни за граѓаните на двете земји, се вели во соопштението од прес-службата на Владата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки