Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин денеска изјави дека не е сигурен каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од англискиот клуб и дека неговото семејство е малку исплашено за иднината.
Де Бруин минатата недела објави дека по 10 години ќе го напушти Сити на крајот на сезоната.
Се шпекулира дека 33-годишниот белгиски фудбалер би можел да се пресели во некој од клубовите во САД или во Саудиска Арабија, но по денешниот натпревар и победата против Кристал Палас (5:2) изјави дека се уште не одлучил.
-Тука сум толку долго, моето семејство е тука 10 години, моите деца се родени во Манчестер и се тука цел живот – сега ќе биде малку поинаку за нив. Мислам дека тие се малку исплашени. Засега е непознато бидејќи во овој момент не знаеме што ќе се случи. Но, сакам да уживам играјќи добар фудбал, како денес. Ќе бидам добро. Ако можам да играм фудбал и моето семејство е среќно, добро сум, изјави Де Бруин.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
