Дебар со највисока инциденца, со 119 пријавени случаи на заболени од сезонски грип изминатава недела

Во текот на недалава која изминува најголем број случаи на заболени од грип се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (n=286), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива работната едница во Дебар (I=428,8/100.000 жители) со 119 пријавени случаи, потврдуваат од Институтот за јавно здравје.
Кога станува збор за дебарско, поточно општините Дебар и Центар Жупа, кои ги покрива дебарската работна единица за јавно здравје,според раководителот Ментор Меља, епидемилог, во изминатте пет недели од појавата на грипот во оваа еднца регистрирани се над 430 случаи.
-Најмногу сме имале третата недела или 158, четвртатата недела се 112 и оваа последната 119. За среќа немаме случаи со потешки компликации. Поголемиот број се во возрасната група од 15 до 64 години, а помал број се од пет до 15 години. Има присутво и на вирози од кои регистрирани се над 400 заболени, изјави Меља.
Сепак, додава, повеќе од сигурно е дека бројот на грипозни е поголем бидејќи добар дел не се ја јавуваат на лекар,туку се лекуваат во домашн услови со лекарства кои му се препишани на друг член од семејството или традиционално со топли напивки,лимон и друго.
Споредено со минатата година бројот на заболени од сезонски грип на ниво на општините Дебар и Центар Жупа, што ги покрива единицата, е речиси на исто ниво, додека во 2018 годна тој број бил повиок или 600.
Во оваа единица, против сезонски грип имунизрани биле 500 лица,пред се хорнични болни и возрасни.И меѓу нив има заболени од грип,но болеста ја минуваат полесно.
Доктор Меља апелира граѓаните да избегнуваат масовни собири бидејќи грипот лесно се пренесува во контакт со заболено лице.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
