Дебарско Езеро доби спасувачи на вода
На брегот на Дебарско Езеро, во делот кај градската плажа, каде има и најголема посетеност, профункционираа екипи на спасувачи на вода кои ова лето ќе се грижат за безбедноста на капачите.
Според секретарот на Општиската организација на Црвен крст на Дебар, Исни Телќиу по успешно спроведената обука и полагање, со сертифкат за спасувачи на вода се здобиле шест млади дебарчани.
-Овие млади се поделени во две групи, односно екипи, кои се лоцирани на две локации на градската плажа, каде и посетеноста е најмасовна.Ова не би можеле да го реализираме доколку не добиевме подршка од татковинското друштво “Дибра“ на дебарските иселеници во САД. Тие обезбедија финансиски средства за престојот на спасувачи во текот на летната сезона, вели Телќиу.
Според претставници на споменатото друштво, подршката е дадена со цел поголема безбедност на нивните сограѓани, кои ова лето ќе се разладуваат и рекреираат на Дебарско Езеро. За оваа намена обезбедени се над шест илјади долари.
На брегот на Дебарско Езеро, посочува Телќу, во летниот период дневно има со стотици капачи, а за време на викендите и околу две илјади и функцинорањето на спасувачки екипи е неопходност.
Телќиу потсетува дека пред десеттина години организацијата имала свои обучени спасувачи на вода и нормално функционирале екипи на брегот на езерото. Но, додава тој, поради недостиг на потребните средства, изминатите неколку години, дебарските спасители наместо на Дебарско биле ангажирани на брегот на Охридско Езеро.
Ново на Сител
-
Уапсена раководителка во железницата на Србија во врска со несреќата на Железничката станица во Нови Сад
-
Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите
-
За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната