-->
-->
Дебата во Собранието за законите за прислушување и за ОТА
-->
- Законот за формирање на Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе биде медијатор меѓу овластените корисници и операторите во процесот на прислушување и Законот за следење на комуникациите, кои го поминаа првиот филтер денеска беа тема на јавна дебата во рамки на седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека овие закони се резултат на политичката волја и на определбата на актуелната Влада да се елиминираат сите можности за идни злоупотреби, односно да се создаде систем кој нема да зависи од кој било поединец, припадник на политичка партија или експерт кој би ја предводел институцијата. На нивната подготовка работеше работна група, со инклузивност на сите засегнати страни и учество и на опозицијата, како и со странски експерт ангажиран од ЕУ. Во однос на придобивките од законите рече дека најважна од се е силната контрола над спроведувањето на законските решенија.
- Мора да имаме зајакната контрола и надзор и тоа во повеќе степени. Според законите, тоа може да го врши Собранието на РМ, кое е најповикано, Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци, Дирекцијата за заптита на лични податоци, Народниот правобранител и Советот за граѓанска контрола. Собранието тоа ќе го прави преку надозрните комисии, но за разлика од претходно, сега тоа ќе го врши без претходна најава и најмалку еднаш во три месеци, а ќе го прави зајакната со технички експерти кои ќе може да утврдат неправилности, рече Спасовки.
Сериозен исчекор напред, меѓу другото е направен, рече, и со создавањето на Советот за граѓанска контрола, ново тело со кое на граѓанските организации ќе им се даде законска можност, а на субјектите обврска да бидат контролирани.
- Советот ќе постапува по сопствена иницијатива или по претставка на граѓанин, но пред се, ќе има законска можност да ги држи будни и да ги контролира субјектите кои имаат право да вршат надзор. Ќе може да влезе и во ОТА и во органите надлежни за следење. За констатирана злоупотреба Советот веднаш го известува Јавниот обвинител на РМ. Ова е прв пат на граѓанските организации да им биде дадена можност да извршат контрола во орган кој е овластен за следење на комуникаците со што се даваат реални решенија за елиминирање на можности кои предизвикаат повреда на човековите слободи и права, рече министерот за вантрешни работи.
Во текот на дебатата Башким Селмани од Државниот тетовски универзитет укажа дека за успешност на секој закон важна е успешноста во однос на политиката на санкционирање. Оцени дека законот е добар зашто јасно ги разграничува надлежностите на органите и побара од ресорниот министер да појасни колкав е буџетот определен за спроведување на овие закони.
За проф. Миодраг Лабовиќ, без суштинска реформа на политичкиот и правосудниот систем не е можна успешна реформа во секторот за безбедност. И покрај најдобрите намери на оваа власт за ефективна контрола и во најдобар случај ќе остане, вели, сомнежот дека извршната власт може да врши злоупотреби.
- Оваа власт испушти можност да изврши подлабоки, структурни реформи со долгорочни стабилни системски решенија, дури и во ситуација кога таа идеално би функционирала. Да изгради систем кој што после неа кога ќе дојде нова власт да не може или многу тешко да може да го смени таквиот систем, рече Лабовиќ.
Александар Нацев од Центарот за истражување е на став дека денешната јавна расправа е задоцнета и требало да се одржи пред донесување на овие закони во прво читање со цел да се здобие довербата од граѓаните и граѓанското општество, а изрази несогласување и со ОТА како избран модел на реформа на системот за следење на комуникации.
За пратеникот Павле Богоевски, пак, стравот на граѓаните од своите чувари е фактор кој повеќе не смее да постои во општетството, а со овие законски решенија не само што прецизно е дефинирана контролата и надзорот туку е распределена меѓу различни општествени чинители.
- Ако претходно единствен кој и теоретски имаше право да ѕирне во дворот на тие што се одговорни за следењето на комуникациите, односно Собранието, сега веќе имаме распределба помеѓу законодавната власт, граѓанскиот сектор, помеѓу Јавното обвинителство со елиминирањето на усната наредба за следење на комункациите, предвидувањето на механизми кои се предвидуваат за итни случаи и за колку време мора да биде известен Јавниот обвинител или Врховниот суд во случај на следење на комуникациите за потребите на одбраната и безбедност на држвата, ние ставаме слоеви и слоеви на контроал и тоа е понтата на демократија, рече Богоевски.
Собранието на РМ со мнозинство гласови на 15 јануари ги донесе во прво читање законите за ОТА и за следење на комуникациите, како дел од сетот реформи во бедносните служби и се во насока на исполнување на препораките на Прибе.
ОТА се очекува да почне со работа од ноември 2018 година, а дотогаш од 1 јуни за заштитата на приватноста на граѓаните и за спречување на евентуални злоупотреби веќе се грижи специјален подофицер, со свој тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
