Дебата во Тетово за идниот развој на културата во Македонија

Во Тетово Министерството за култура организираше дебата каде културните работници имаа можност да ги искажат своите ставови и препораки во областа на култрното поле во градот, кои ќе бидат земени предвид при изработката на новата Национална стратегија за културниот развој во Македонија.
На дебатата посебниот советник во Министерството за култура Петрит Сарачини истакна дека стратетијата и идниот развој на културата ќе се базира од долу нагоре, односно и културните работници од внатрешноста на држава ќе бидат тие кои ќе одлучуваа за идните културни актвности.
- Досега културата беше само во главнит град ред е да ја децентрализираме, треба да имаме автономија на културната и уметничката продукција, повеќе да нема централизиран државен пристат, истакна Сарачини.
Ваквите дебати ќе продолжат и во другите градови во Македонија и голем дел од мислењата на уметниците ќе бидат земени предвид за изработка на Националната стратегија за културниот развој на Македонија од 2018 до 2022 година.
Стратешки линии за развојот се департизација и демократизација, децентрализацијата и деметрополизација на културата, развој на интекултурен дијалог и граѓаниски концепт за култура, рамномерен и регионален развој на културата.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
