-->
-->
Дебата за правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп
-->
Полио Плус – движење против хендикеп денеска организира јавна дебата на тема „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“.
Дебатата се организира во рамки на проектот „Маргина Обскура“ со поддршка од ЕУ и во соработка со Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Целта на јавната дебата е отворање поширока дискусија за пристапот до правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп согласно принципите и одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. На дебатата се очекува да се споделат искуства по ова прашање, како и да се споделат добрите практики и научени лекции и можни насоки за надминување на предизвиците со цел создавање можности за уживање на правото на здравствена заштита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување