Дебата за работничките права и подобра бизнис-клима во Пехчево

Подобрување на работничките права преку создавање бизнис-клима која ќе одговара на создавањето подобар закон за работни односи, беше главната тема на дебатата организирана во Пехчево, како дел од проектот „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“, кој здружението „ИНИ“ од Виница во соработка со здружението „Хоуп“ од Македонска Каменица го спроведуваат во општините од Источниот Регион.
Според експертот по трудово право Зоран Биковски, главната констатација од дебата во Пехчево е дека и во оваа општина нема казни за прекршувањето на работничките права.
-За жал, и овде постојат прекршувања на работничките права по кои не се постапува, што само по себе влијае граѓаните да заминуваат далеку од своите домови во потрага по подобар живот. Наместо своето право на работа да го остваруваат дома, тоа го прават во странски земји, далеку од својот дом. Доколку се влијае на зголемување на едукацијата на граѓаните за своите права, но и доколку се има поголем слух за потребите на бизнис-секторот, преку обезбедување пофер бизнис-клима за сите, сметам дека може битно да се влијае оваа состојба да се реши, објаснува Биковски.
Досега, како што додаде, вакви дебати се одржани во најголем дел од општините во Источниот Регион, при што сите забелешки ќе бидат преточени во официјален документ, кој ќе биде доставен до Министерството за труд и социјална политика и до други надлежни институции.
-За да се направи подобар закон за работни односи, сите наши забелешки ќе ги препратиме до надлежните, се со цел да бидат предвидени во законските решенија, со што истовремено ќе овозможиме граѓанинот да биде тој што ќе одлучува за тоа што му е потребно, а бизнис-секторот, ќе може економски да се јакне, додаде Биковски.
Последната работилница со која завршуваат активностите во рамки на проектот „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“ ќе се одржи на 22 октомври во Штип.
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија