Дебата „Земјоделско-прехранбените пазари и обезбедувањето со храна во контекст на тековната глобална криза“
Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК), денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе биде домаќин на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), која ќе ја одржи десеттата сесија на тема „Земјоделско-прехранбените пазари и обезбедувањето со храна во контекст на тековната глобална криза“.
Како што најавуваат организаторите, Европското движење на Северна Македонија, воведни обраќања на темата ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин, словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш и националниот координатор на НКЕУ-МК и професор на Филозофски факултет при УКИМ, Милева Ѓуровска.
Во дебатата ќе бидат вклучени македонски и словачки експерти, универзитетски професори, претставници на земјоделски здруженија и асоцијации на фармери и други претставници на граѓанскиот сектор.
Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
