-->
-->
Дечињата од Кисела Вода добија ново современо детско катче
-->
Реконструирано е детското игралиште кое се наоѓа помеѓу улиците “Христо Татарчев” и “Козјак” во населбата Кисела Вода.
На оваа локација се поставени нови и современи реквизити за детска игра кои во децата ќе ја пробудат креативноста, фантазијата, ќе им ја подобрат концентрацијата, истовремено поттикнувајќи ги на дружење со врсниците.
Новиот детски комплекс е составен од пирамида за искачување, клацкалки, лулашки, коњчиња на федер. Поставена е и заштитна гумена подлога. Просторот е надополнет со урбана опрема - канти за отпадоци и клупи, заграден е и ќе биде соодветно осветлен.
На обновата на детските реквизити работеше фирмата “Урбано”.
Општина Кисела Вода за ова ново детско катче, од својот буџет издвои околу 800 000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат