-->
-->
Дефинитивно најмoнструозното дело - Го убиле синот, а потоа ги нахраниле свињите со него
-->

44 годишниот Американец Мајкл Џоунс од Мичиген со 28 годишната сопруга Хедер, до смрт го претепа својот син Адријан (7) и со него ги нахранил свињите. Таткото со часови го тепал малото момче, а неговата мајка цело време гледала и на крајот му помогнала на сопругот да го прикрие убиството.
Страшен злочин е откриен на 25 ноември откако наставничките пријавиле во социјалната служба дека Адријан со денови го нема во училиште. Истовремено соседите повикале полиција тврдејќи дека од куќата на Џоунсови се слуша пукање.
Кога полицијата пристигнала се воспоставило дека Мајкл пукал во Хедер, но не ја погодил.
-Секаде низ собата имало дупки од куршуми. Решивме да го пребараме дворот и се шокиравме кога влеговме во шталата. Таму најдовме остатоци од телото на малиот Адријан. Набрзо таткото ни призна дека лешот на детето им го фрлил на свињите за да ги сокрие трагите од убиството. Ова е едно д најужасните злочини кои некогаш сум ги видел – рече државниот обвинител Џер Горман.
Тој додаде дека во истрагата е утврдено дека Мајкл редовно ги тепал жената и децата, а најбрутален бил кон малиот Адријан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
