-->
-->
Дехари и советниците во општина Кичево ги добија уверенијата
-->

Општинската изборна комисија денеска му го додели уверението на новоизбраниот градоначалник на општина Кичево Фатмир Дехари.
Ова е втор мандат на Дехари кој ја доби довербата на мнозинството граѓани да раководи со оваа локална самоуправа и во наредните четри години.
По добивањето на уверението од страна на преседателот на општинската изборна комисија Антигона Сефери, новоизбраниот градоначалник Фатмир Дехари рече дека работи и ќе работи во интерес на сите граѓани без оглед на нивната верска и етничка припадност.
Уверенија добија и сите 23 советници во Советот на општина Кичево. Во советот на општината девет советнички места освои ДУИ, шест ВМРО-ДПМНЕ, четири СДСМ, три Алијансата за Албанците и едно Движењето Беса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
