Дејвис: Британскиот Парламент нема да го поддржи договорот за Брегзит

Предлог-договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што го постигнаа преговарачите на Брисел и Лондон, нема да добие поддршка во Парламентот во Вестминстер, изјави синоќа поранешниот британски министер за Брегзит, Дејвид Дејвис.
- Поверојатно е дека Долниот дом (на Парламентот) ќе го отфрли договорот, отколку дека ќе и изгласа недоверба (на премиерката Тереза Меј). Не гледам како договорот може да помине, изјави Дејвис во интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си.
Според Дејвис, поради ваквото очекувано сценарио, Лондон треба да излезе со алтернатива на договорот.
Дејвис поднесе оставка на министерската функција во јули годинава, незадоволен од одликата на премиерката Меј за зачувување на одредени врски меѓу Велика Британија и ЕУ и по Брегзитот.
Во меѓу време, како што јави ДПА, ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Коувни им порача на британските пратеници да го поддржат договорот или во спротивно да се подготвуваат за состојба на хаос во услови на Брегзит без договор.
- Треба да направат избор меѓу овој договор и хаотиен Брегзит без договор, изјави Коувни.
Доколку британскиот Парламент не го поддржи договорот, тогаш Велика Британија би можела да ја напушти Унијата на 29 март 2019 година, без регулирани услови за таа постапка и без решени идни односи меѓу двете страни.
Ново на Сител
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
