-->
-->
Дејвис куп репрезентацијата во Пловдив, а Фед куп репрезентацијата во Тунис
-->

Во текот на следниот месец (април) двете македонски тениски репрезентации ќе имаат свои настапи во рамките на Дејвис купот (мажи) и Федкупот (жени). Мажите кои се дел од Третата Европска зона ќе играат во Пловдив, Бугарија во рамите на Зоната А, а противници ќе им бидат: Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Исланд, Монако и Сан Марино.
Репрезентациите ќе бидат поделени во две групи по четири селекции и победниците ќе играат во финалето за пласман во Втората Евро-африканска зона следната година.
Мечевите од Зоната Б ќе се играат во Улцињ, Црна Гора, каде има истотака осум селекции.
Новиот селектор на Македонија Чедомир Јовановски ги повика следниве играчи: Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Стефан Мицов. Со исклучок на Јотовски (играше на турнир во Тунис) сите тренираат на терените на ТК Југ. Мечевите ќе се играат во текот на следната недела.
Фед куп репрезентацијата ќе настапи во Тунис во рамките на Трета Евроафриканска зона - група А каде за ривали ги има: Алжир, Ерменија, Кипар, Исланд, Косово, Литванија, Мадагаскар и домаќинот Тунис. Мечевите од Зона Б се играат во Улцињ. Овие натпревари ќе се играат од 16 до 21.април.
И женската селекција ќе настапи под водство на нов селектор Димитар Лабудовиќ, а пријавени се следниве тенисерки: Лина Ѓорческа, Катарина Маринковиќ, Ана Ристевска и Јана Таневска.
Настапот на Ѓорческа значи и нејзино враќање во репрезентацијата по две години отсуство, а тоа би требало да бидат нејзини први настапи по повреда поради која направи пауза од септември 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
