Македонија
2. February 2025 - 16:39

Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија

Преизбрзана е одлуката Охридското Езеро повторно да се издава под концесија сметаат дел од еколозите . Наумоски вели дека 7 те здруженија кои ќе стопанисуваат со езерото уште повеќе ќе го  доуништат  рибниот фонд тој предлага му се даде предност на спортскиот риболов поврзан со туризмот, додека заштитата на езерото да ја организираат локалните власти на Охрид , Струга и Поградец со свои ангажирани луѓе и сателитска контрола . 

Министерот за земјоделство Трипуновски истакна дека  на овој начин ќе има подобра заштита на рибниот фонд од рибократците и најави засилени контроли како од граничната  полиција така и од инспекторатот за земјоделство.

Министерот Трипуниовски е дециден оние кои ќе стопанисуваат со езерото  мора да го почитуваат законот.  Концесионерите со охридското езеро ќе стопанисуваат во наредните 12 години .