Дел од општина Центар утре без вода
Клиниката за хематологија, Институтот за трансфузиона медицина и повеќе улици во општина Центар утре ќе останат без вода од 8.30 часот.
Без водоснабдување ќе бидат и корисниците лоцирани на улиците „Ацо Караманов“, „Питу Гули“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“, „Партение Зографски“, „Димитар Беровски“, „Ѓорѓи Скрижевски“, „Христо Чернопеев“, „Тасино Чешмиче“, „Рилски Конгрес“, „Белградска“, „Црниче“, „Церска“, „Серска“, „Неврокопска“, „Баница“, „Благоја Гојан“, „Наум Охридски“, „Банско“, Кавалска, Кратовска, како и дел од корисниците од улицатите „Славејко Арсов“ и „Пржино“.
Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Тодор Александров“ б.б. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на реконструкцијата.
Ново на Сител
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро