Дел Понте: Караџиќ ќе има време да зажали поради злосторствата

Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте смета дека поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ морал да добие доживотна казна затвор.
Таа за белградскиот весник „Блиц“ изјави дека сепак не е незадоволна од пресудата со која Караџиќ е осуден на 40 години затвор за геноцид во Сребреница и извршени злосторства против човештвото врз муслиманите и Хрватите за време на војната во БиХ.
- Мора да се признае дека правдата е сепак задоволена. Искрено се надевам дека Караџиќ ќе има повеќе од доволно време во својата затворска ќелија да размислува за сите злосторства кои ги извршил и поради нив да зажали, истакна Дел Понте, која денес го истражува кршењето на човековите права во Сирија.
Таа нагласи пресудата е многу важна за мирот и стабилноста во регионот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
