Дела од три генерации уметници на изложба на ДЛУМ
Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер во галеријата Мала станица ќе ја отвори изложбата „Минато-сегашност-иднина” која обединува три генерации автори со повеќе од 100 дела – слики, скулптури, графики, објекти, видео, арт-инсталации. Изложбата е дел од настаните со кои ДЛУМ одбележува 70 години постоење.
- Преку претставените дела посетителите ќе може да го погледнат развојот на уметничкиот израз во Македонија - од минатото, денес, па се до новите генерации творци. Делата на досегашните претседатели на ДЛУМ, изложени во рамки на оваа егзибиција, се евидентен доказ за успешното опстојување на една од најеминентните македонски асоцијации. Изложбен простор ќе добијат и докажаните автори кои се уште активно творат и работат на ликовното поле, како и сите млади уметници кои штотуку го завршиле своето образование и ја претставуваат иднината на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, соопшти ДЛУМ.
Претседателот на ДЛУМ Христијан Санев изјави дека идејата била по повод јубилејот да организираат изложба која на најдобар начин ќе го прикаже ликовниот опус на авторите кои во изминатите седум децении ја создавале ликовната уметност во Македонија.
- За ДЛУМ е суштински важен сегментот на изложбата, каде ќе бидат презентирани идните надежи кои ќе продолжат да ја обликуваат македонската уметност. Сметам дека преку оваа изложба најдобро ќе биде оцртан развојот и транзициите на ликовниот израз во нашата држава, а истовремено ќе може да се воочи и насоката во која ДЛУМ понатаму ќе се развива. Ќе го искористиме овој собир да ги презентираме освежената веб-страница на Друштвото, како и новоста - бесплатен влез во музеите ширум светот за сите членови на ДЛУМ, изјави Санев.
Изложбата „Минато-сегашност-иднина“ за заинтересираните посетители во објектот Мала станица ќе биде отворена до 1 декември 2016.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога