Делчевската библиотека распиша литературен конкурс

Во чест на месецот на книгата, ЈЛБ „Илинден“ од Делчево распишува литературен конкурс на тема „Книгата мојот тивок другар“ во која ќе земат учество двете основни училишта од градот, ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св.Климент Охридски“.
Директорката на ЈЛБ „Илинден“, Анита Петровска денеска информираше дека личните творби можат да бидат во поетска и прозна форма, а рокот на доставувањето на творбите е до 30 септември во просториите на ЈЛБ .
- Ние ги повикуваме сите талентирани ученици кои го сакаат убавиот пишан збор, да творат на оваа тема, тема која дава голема ширина за убав приказ на детската фантазија, мисли и чувства. Тргнавме од фактот дека книгата е нашиот најдобар пријател со цел да ги поттикнеме креативните мисли на нашите ученици. Текстовите ќе бидат со шифра, заради заштита и праведен избор, а ќе бидат доделени награди со рангирање 1,2,3 место, рече Петровска.
Таа истакна и дека библиотека се подготвува за општинските и регионалниот натпревар за „Млади библиотекари“ на кој учество може да земат учениците и членови на локалните и училишни библиотеки на возраст до 14 години.
- Јавните библиотеки треба да ги спроведат општинските натпревари до 20 октомври. За реализација на општинските натпревари, библиотеката формира тричлена комисија која се грижи за правилноста на натпреварот. Учениците на натпреварот, треба да одговорат писмено на 20 прашања од прирачникот за подготовка на кандидатите за натпреварот „Млади библиотекари“ за време од 60 минути. Тоа се редовни активности на библиотеката, се одржуваат секоја година со една единствена цел да се поттикне кај децата она единствено чувство за творење, за љубов кон пишаниот збор, за љубов кон книгата, истакна Петровска.
Победниците од општинските натпревари учествуваат на републичкиот натпревар кој е во организација на националното Здружение на библиотекари, а кој годинава ќе се одржи по 18 пат во Ресен.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
