Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на апостолот Гоце Делчев
Денес, официјална делегација на Левица, составена од пратеникот Борислав Крмов, генералниот секретар Јована Мојсоска и членот на Президиумот, Бранко Ристов, положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонската револуционерна борба - Гоце Делчев.
За величината на еден од најголемите македонски револуционери говори неговото дело, каде Делчев најдоследно и најупорно се бори, како против османлиската тиранија и доминација, така и против велико-бугарскиот врховизам и против сите обиди на бугарскиот монархизам да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои шовинистички цели.
Денес, поради вазалноста и потчинетоста на квинслишката власт, повторно великобугарските апетити се обидуваат да го извалкаат ликот и делото на најистакнатата револуционерна личност од македонската историја.
Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава - и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република.
Како што бугарскиот комунист Тодор Павлов истакна во својот говор по повод пренесувањето на коските на Гоце Делчев во Н. Р. Македонија:
„И сето ова ни дава право да тврдиме дека Гоце е сè уште жив меѓу нас и дека бесмртниот негов дух продолжува да бдее на верна стража, будно грижејќи се за понатамошната судбина на неговата сакана земја и народ.
Овој чин, чинот на пренесување на коските на Гоце Делчев од нова, слободна, отечественофронтовска Софија во новиот главен град на македонската слободна држава, смело ќе кажам, има големо историско, симболично значење, уште повеќе затоа што на нивниот пат тие ќе поминат и низ Пиринска Македонија.”
Додека живеат идеалите на Делчев - ќе живее и Републиката!
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
